Макрон најави рекордни 93 милијарди евра странски инвестиции во Франција
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека во рамки на инвестицискиот самит „Избери Франција“ (Choose France) се договорени рекордни странски инвестиции во вредност од 93 милијарди евра, кои ќе отворат повеќе од 15.000 нови работни места во земјата.
Според неговите зборови, договорени се вкупно 71 инвестициски проект од странски компании во Франција, пренесува „Фигаро“.
Значаен дел од оваа сума се однесува на долгорочни проекти, вклучувајќи ги инвестициите на јапонската „Софтбанк“, која најави вложувања од околу 45 милијарди евра до 2031 година, пред сè во развој на дата-центри и дигитална инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицаец се запали среде протести во…
Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…
Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…
Франција се подготвува за нови протести со…
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…