Рокас со честитки: Енергетските реформи ќе го забрзаат европскиот пат на Македонија
Унијата е засилено фокусирана на имплементација на енергетските планови и испорачување на таргетите и во таа смисла сакам да ѝ честитам на Северна Македонија за усвојување на стратегијата и планост за енергетика и за оној напредок што го оствари на планот на правична транзиција. Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе стануваат применливи, преку рамката за енергетска заедница, и тие засилено ќе го обликуваат патот кон пристапување кон ЕУ. Ова го изјави евроамбасадорот Михалис Рокас во своето обраќање на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026.
Тој додаде дека за Северна Македонија се приоритетни реформите – усвoјување на заонодавството за обновливите извори, како и заштита на ранливите категории граѓани.
-Нема сомнеж дека врз енергетската безбедност со која регионот и Европа се соочуваат треба да одговориме одлучно. За нас, двете нешта – климатска транзиција и енергетика се поврзани и нужни меѓу другото и заради оскудните енергетски ресурси со кои Европа располага, рече Рокас.
Тој истакна дека еввропскиот пејсаж подлежи огромни промени заради геополитичките и стратешките изгледи и заради тоа енергетските изгледи се менуваат.
-Поради тоа, соработката со нашите партнери од Западен Балкан се чини дека е поважна од било кога претходно. ЕУ ги засили напорите да овозможи независност на одредени фосилни горива. Овие мерки, заедно со инвестиции во прекугранична инфраструктура како и регионално поврзување ќе ја подобрат нашата енергетска безбедност и сигурност, додаде евроамбасадорот.
Форумот се одржува денеска и утре со мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а организиран е во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање како една од најзначајните регионални платформи за климатска дипломатија во Југоисточна Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…