Левица бара оставка од директорот на АХВ по скандалот со млекарниците
После информации за квалитетот на млечните производи, односно, за небезбедната храна која млекарниците ја пуштаат во промет, од Левица порачуваат дека се добива јасна слика дека корупцијата во надлежните институции, во случајов Агенција за храна и ветеринарство, е длабоко навлезена во системот.
Според партијата, стоматологот Оливер Миланов, по некоја случајност директор на АХВ, е најдиректно одговорен за, како што велат, сѐ што се случува со квалитетот, тоест, што се произведува, увезува и продава низ супермаркетите како храна, а која ја консумираат нашите сограѓани.
-После скандалите со корупција и мито во другите надлежни агенции и инспекторатот под капата на МЗШВ, сега имаме и мега скандал со небезбедна храна пуштена по маркетите. Наместо навремена контрола и заштита на јавното здравје надлежните дозволиле производи со состав различен од декларираниот да стигнат до илјадници граѓани. Неправилности биле утврдени кај производи на Бела фарм, ПК Златибор, Маврово, Милком, Сентис АГ, Ѓорѓиеви, Тетовска млекара, Продукт и Норд милк.
Особено индикативно е што меѓу компаниите, за кои се утврдени неправилности, е и млекарата „Ѓоргиеви“ од Радовиш, чиј сопственик е советник од редовите на ДПМНЕ. Тоа отвара сомнеж за евентуално политичко влијание и институционална заштита. Исто така овој факт ги отвара и прашањата за тоа зошто надлежните не ги објавија имињата на млекарите кај кои се најдени неправилности, но и за висините на казните кои треба да ги платат, односно 3500 евра, што е повеќе од смешна сума за голема и профитабилна млекара, стои во партиското соопштение на Левица.
Левица тврди дека уште од самиот почеток на аферите во МЗШВ јавно бара оставка од министерот Цветан Трипуновски, но после овој скандал со млечните производи оставка освен од министерот бараат и од директорот на АХВ, како и преземање на сите мерки за утврдување на негова најдиректна кривична одговорност.
-Јавноста има право да знае колку долго траеле овие злоупотреби, кој дозволил производи што не одговараат на декларираниот состав да се продаваат како млеко и млечни производи и дали зад целиот случај стои организирана мрежа на институционална неодговорност, корупција и политичка заштита, рекоа од опозициската партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица бара оставка од директорот на АХВ…
После информации за квалитетот на млечните производи,…
Левица: Јаневска да каже што направила, а…
Левица реагира на демантот на министерката за…
„Покажа професионалност и посветеност“: ВЛЕН му се…
По повод оставката на Арбен Фетаи од…
Директорот на АХВ не сака да ги…
Првиот човек на АХВ, Оливер Миланов, одби…
Млекара Ѓоргиеви: Нашите производи се целосно усогласени…
Млекара Ѓоргиеви ДООЕЛ од Радовиш реагираат, како…