ССМ: Македонија во најлошите држави во светот за работниците поради нападите врз синдикатите
Објава на Фејсбук на Сојузот на синдикати на Македонија:
МАКЕДОНИЈА ВО НАЈЛОШИТЕ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ПОРАДИ НАПАДИТЕ НА СИНДИКАЛНИТЕ ЛИДЕРИ И НА НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА, ФОРМИРАЊЕТО И ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА КВАЗИ ЖОЛТИ СИНДИКАТИ И ПОСТОЈАНИТЕ ОБИДИ И НАПОРИ ДА СЕ ЗАДУШИ КОЛЕКТИВНИОТ ГЛАС НА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА И РАБОТОДАВАЧИТЕ РЕГИСТРИРАНО ОД СТРАНА НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИ (ITUC) ВО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА 2026 ГОДИНА – Индекс за Глобални права ,,Најлошите држави во светот за работниците”
Наместо посакуваното подобрување, тапкање во место со индиции на очигледни влошени состојби во нашата држава препозна Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) во Извештајот за 2026 година – Индекс за Глобални права ,,Најлошите држави во светот за работниците”, во кој повторно ја рангираше Македонија на 4-тото место во рангот на земјите со систематско прекршување на правата на работниците или на претпоследното место , но за разлика од минатогодишниот извештај, оваа година и со вклучени обсервации на сериозни дополнителни прекршувања на правата на работниците и синдикатите и влошени состојби кои резултираа со големи работнички протести, а сето тоа отварајќи го патот Република Македонија полека, но сигурно да се приближува до срамното последно место (5- тото место е за државите каде што работниците немаат гарантирани работнички права), што е за очекување со односот на власта и работодавачите, а со тоа и свесно туркање на Македонија со држави кои покажуваат очајни резултати кога станува збор за положбата на работниците и нивните права и слободи меѓу кои и оние права на слободно синдикално здружување, кое нешто нашата држава не смее да си го дозволи.
Во воведниот дел од Извештајот, на прво место е нотиран срамниот настан кој се случи во месец февруари, 2026 година и тоа по одржување на еден од најголемите работнички протести во поновата историја на Република Македонија, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и со учество на илјадници работници кои се охрабрија и се придружија на синдикалните преставници на улица, протестирајќи за зголемување на своите плати, и тоа настанот кога Претседателот на ССМ и неговото семејство беа цел на следење преку објавување на снимки од нивниот приватен живот објавени на социјалните медиуми, а сето тоа од страна на пратеници на владеачката политичка партија кои наместо ваквото срамно дејствување, треба да вршат улога на народни претставници, кое нешто е оценето како грубо кршење на правото на приватност, особено ако се има предвид дека во снимките се вклучени малолетни деца и членови на семејството кои немаат никакво улога во синдикалните активности на Претседателот на ССМ нотирани се како голем прекршок. Несомнено е дека сето ова во Извештајот е препознаено како низа незаконити активности со цел да се изврши притисок на синдикалното движење на ССМ, како единствениот синдикат кој се бори за платите и правата на работниците, наместо да дејствува како заробен синдикат, а токму за тоа се зборува понатаму во Извештајот кога станува збор за нашата држава.
Како што и постојано ССМ предупредува и оваа година забележано формирање и дејствување на жолт синдикат и тоа под политичка наредба, како и забележано е присилување на работниците да се приклучат на таквиот жолт синдикат кој наместо да работи во интерес на работниците, работи во интерес на газдите и политичката партија под чија наредба и се формирал, односно онаа политичка партија којашто е на власт. Па, така меѓу државите каде е евидентирано ограничување на слободата на здружување се наоѓа и Република Македонија, за која е наведено дека членовите на синдикатите се отпуштани, притиснати да дадат оставка или поткопани и оштетени од страна на токму жолтите синдикати (оние доминирани или под целосно влијание на работодавачот) и државната репресија.
Она што несомнено е следно утврдено во Извештајот е тоа дека почнувајќи од 2025 година, Сојузот на синдикатите во Македонија (ССМ) и другите синдикати и тоа оние здружени во ССМ се мета на напади оркестрирани од Владата како одговор на нивната кампања за зголемување на минималната плата. А, токму во јануари 2026 година, ССМ го организираше „Големиот работнички протест“ во Скопјe против недостатокот на почитување на социјалниот дијалог и правото на колективно договарање, а со единствена цел да се зголеми не само минималната плата, туку и сите останати работнички плати како би се зачувал животниот стандард на работниците и граѓаните, што и би требало да биде главната цел на Владата на нашата држава.
Покрај националното препознавање дека ССМ е единствениот синдикат кој е вистински глас на работниците, кој е спремен да се бори за подобрување на работничките плати и права, преку овој Извештај може да се види дека не изостанува ниту меѓународното идентификување на вистинската синдикална борба на Сојузот на синдикатите на Македонија, како најголем, најстар и најброен синдикат во Република Македонија и единствен релевантен претставник на секој работник, без оглед на тоа дали станува збор за нашето дејствување во име на заштита на секој работник од јавниот сектор и приватниот сектор.
Синдикалната борба на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) како полноправна членка на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) продолжува, а овој Извештајот е само една јасна порака дека доколку не се случат итни промени нашата држава е во опасност да тоне во уште поголемо непочитување на работниците, нивната положба и нивните права, но и непочитување на синдикалното движење кое е под постојан напад кој резултираше дури и со лично таргетирање на синдикалните претставници и нивните семејства и тоа само поради јасна, гласна и непоткуплива синдикална борба на Сојузот на синдикатите на Македонија и гранковите синдикати здружени во ССМ.
Ваквата оцена веќе беше најавена од страна на Генералниот Секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати, Лук Трианг кој во поддршка на ССМ ја посети Македонија во март оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ: Македонија во најлошите држави во светот…
Објава на Фејсбук на Сојузот на синдикати…
Пендаровски: Во протоколите со Бугарија никаде не…
Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа…
Во првиот квартал 2 472 хипотеки на…
Во периодот јануари – март годинава во…
Петрушевски: „Претседателот на УПОЗ се луксузира“, Деаноски…
Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, порача денес…
Мицкоски со честитки до Јанша: Македонија и…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор…