Објавено на:

Трамп го именуваше Вилијам Палти за в.д. директор на Националната разузнавачка служба

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го именуваше директорот на Федералната агенција за финансирање на домувањето, Вилијам Палти, за вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба.

Тој на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social) напиша дека Палти ќе продолжи истовремено да ја извршува и функцијата директор на Федералната агенција за финансирање на домувањето.

„Вилијам има длабоко искуство во управувањето со најчувствителните прашања во Америка, безбедноста и стабилноста на пазарот и над 10 трилиони долари во Фани Меј/Фреди Мек, што е значително зголемување во споредба со пред само 12 месеци“, напиша Трамп.

Претходната директорка на Националната разузнавачка служба, Тулси Габард, ја напушти функцијата минатиот месец, наведувајќи дека тоа го прави од приватни причини.

Американската разузнавачка заедница се состои од 18 агенции, вклучувајќи ги Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и Националната агенција за безбедност, задолжени за собирање податоци и закани по безбедноста на информациите во земјата и светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…