ССМ: Македонија меѓу земјите со најсериозни прекршувања на работничките права според Глобалниот извештај 2026

t

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека според Глобалниот извештај за работнички права за 2026 година, изработен од Меѓународната конфедерација на синдикати, земјата повторно е рангирана меѓу државите со најсериозни прекршувања на работничките права.

Според објавените податоци, Македонија се наоѓа на четвртото место во светот според сериозноста на прекршувањата, што, како што наведуваат од ССМ, укажува на дополнително влошување на состојбата во однос на работничките услови.

Синдикатот предупредува дека извештајот за 2026 година бележи влошување на условите за работа, како и зголемен број случаи кои резултирале со работнички протести. Дополнително, се укажува на појава на таканаречени „жолти“ синдикати, кои, според тврдењата на ССМ, се формираат под политичко влијание и служат за слабеење на вистинското синдикално организирање.

Од ССМ наведуваат и дека постојат притисоци врз работниците да се зачленуваат во синдикати под влијание, што дополнително ја нарушува слободата на синдикално организирање. Овие наоди се дел од поширокиот Глобален извештај 2026, кој ги следи состојбите со работничките права на глобално ниво и ги рангира државите според степенот на почитување на основните трудови стандарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…