Вељановска: Државниот градежен инспекторат има само четири инспектори за територијата на цела држава

t

Во вечерашното издание на „Топ Тема“, претставничката на Државниот градежен инспекторат, Наташа Мирошниченко Велјановска, укажа на сериозните предизвици со кои се соочува институцијата во спроведувањето на инспекцискиот надзор. Според неа, ограничените кадровски капацитети и недоволно прецизните законски решенија ја намалуваат ефикасноста на контролите на терен.

„Државниот градежен инспекторат има само четири инспектори за територијата на цела држава. Професијата е неатрактивна… Кога се работи за контрола на милионски бизниси тогаш и притисоците се поголеми“, изјави Вељановска.

Таа посочи и на потребата од законски измени кои би овозможиле поголема превенција и подобра заштита при реализација на градежните проекти.

„Во Законот за градење постои недостаток за обавезно приложување на проект за заштита на градежна јама при издавањето на одобрението. Мислам дека тоа ќе придонесе во спречувањето на ваквите ситуации“, нагласи Вељановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…

Мара Кос во Подгорица: Понекогаш се чувствувам…

Понекогаш се чувствувам како овчарка која внимава…

Мерц: Црна Гора е блиску до ЕУ,…

Членството на Црна Гора во Европската Унија…

Британски парламент: Европа не може да смета…

Европејците повеќе не можат да се потпираат…