Објавено на:

(Видео) Јакимовски: Трева до колена, искршена опрема и исушени дрвја – Вака денес изгледа Карпош!

t

*Објава на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски

– Трева до колена. Искршена урбана опрема. Исушени дрвја.

Вака денес изгледа Карпош.

И тоа не во време кога никој не управува со општината, туку во време кога со Карпош управуваат два-тројца градоначалници, седум-осум советници, под специјален надзор на Претседателот на Владата, а згора на сѐ и Градоначалникот на Скопје.

Толку многу „грижа“, а толку малку резултати.

Карпош никогаш не изгледал полошо.

Карпош никогаш не личел повеќе на запуштена нива отколку денес.

Наместо уредени паркови – коров. Наместо одржување – негрижа. Наместо работа – изговори.

Граѓаните не бараат чуда. Бараат ред, чистота и домаќинско работење.

А тоа или го знаеш, или не го знаеш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

За жал, повторно сме сведоци на вандализам…

Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…

Од МВР информираа дека е расчистен случајот…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…

СДСМ бара вонредна седница на Советот на…

„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…