Потрошувачката меѓу главните двигатели на растот, Мицкоски на видео ѕид ги презентираше економските резултати

t

Дефицитот за годинава најверојатно ќе биде повисок од предвидените 3, 5 отсто во фискалната стратегија, која пред неколку дена го помина собранискиот филтер и која беше предмет за препукување на пратениците од власта и опозицијата.

Министерката за финансии Кочоска кажа дека можно е да има корекции кај минусот во државната каса, но уверува дека нема да биде поголем од лани кога дефицитот беше проектиран на 4 проценти од БДП.

Секако дека е можно да има одредени промени корекции како резултат на акцизата на нафтата и нафтените резерви така што може ќе има одредени отстапувања, но секако консолидација не значи дека ќе имаме ние буџетски дефицит поголем од тоа што сме го имале минатата година, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска

Уверува дека многу внимателно се трошело. Од бројките пак може да се види дека до сега истрошен е над 70 отсто од планираниот буџетски дефицит за годинава, кој пак беше проектиран нешто над 630 милиони евра.

Владата за годинава ја ревидираше и стапката на раст, но и на инфлацијата, па така очекува таа да биде повисока, а економијата да испорача помал БДП.

Сепак, премиерот е задоволен од тоа со каков раст се заокружи првиот квартал од 2026. Излезе со нови фалби за домашната економија и овој пат бројките ги презентираше на видео ѕид.

Од податоците на статистика заклучно со март тој изнесува 3, 1 отсто. Од бројките најголем двигател на БДП во овој период е градежништво каде растот е над 7 отсто, но тука е и трошењето на државата односно финалната јавна потрошувачка. Има скок кај извозот, но и кај увозот. Значително намалување се забележува кај бруто инвестициите.

Во меѓувреме траат консултациите во Министерството за финансии за прекројувањето на државната каса. Но, допрва ќе се одлучи на што ќе се крати, а за што ќе има повеќе пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потрошувачката меѓу главните двигатели на растот, Мицкоски…

Дефицитот за годинава најверојатно ќе биде повисок…

Судење за трагедијата во Кочани: презентирани инспекциски…

Извештаи од инспекциски контроли во кочанските локали,…

Албанија минатата година ја напуштиле над 28.000…

Најновите податоци на државниот Институт за статистика…

Ненадејно почина ученичка од скопското средно училиште…

Ненадејно почина ученичка од скопското средно училиште…

(Видео) Богоев со лисици донесен во Кривичен…

Поранешниот директор на Царинската управа и поранешен…