Мицкоски: Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации
Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа., објави премиерот Христијан Мицкоски во врска со изборот на Македонија за членка во на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година.
-Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. Овој избор е потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел. Тоа е признание за трудот на нашата активната дипломатија и за довербата што ја градиме со нашите партнери, нагласи Мицкоски.
Во изминатиот период, додаде премиерот, Македонија стана членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, како и на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје. А денешниот избор во ЕКОСОК, истакна тој, е продолжение на тој позитивен тренд и доказ дека нашето присуство во меѓународните организации станува посилно и повидливо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев лут на ЕП за критиките за…
Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…
Петровска: На СДСМ му треба лидер со…
Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…
Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…
Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…
ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд
Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…
Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…
Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…