Ѓорѓиевски: Го откочивме БРТ, ќе има значително влијание врз мобилноста во Скопје

t

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција истакна дека општините во земјава во изминатиот период добиваат силна поддршка од Владата и од Светската банка за реализација на капитални и инфраструктурни проекти, нагласувајќи дека меѓу најзначајните инвестиции е набавката на нова механизација за комунална хигиена.

Тој посочи дека станува збор за една од најголемите инвестиции во оваа област во последните години, од која најголем бенефит ќе има градот Скопје, но дел од механизацијата ќе биде ставена во функција и на општините низ државата, особено во делот на управувањето и одлагањето на отпадот.

Ѓорѓиевски нагласи дека една од клучните теми на кои се работи е урбаната мобилност и одржливиот транспорт, не само во главниот град туку и во останатите општини во земјата.

Во таа насока, тој се осврна и на проектот за брз автобуски превоз (БРТ), посочувајќи дека процесот е повторно активиран и дека е обезбедена поддршка од Владата за негово понатамошно реализирање.

„Конечно го откочивме целиот процес и се подготвуваме за започнување на прелиминарната фаза. Овој проект ќе има значително влијание врз мобилноста во Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Според него, покрај подобрувањето на протокот на сообраќајот, во наредните три до четири години ќе се инвестира и во развој на велосипедската инфраструктура, пешачките патеки и други решенија што ќе им понудат на граѓаните алтернативни начини на движење.

Тој потсети и на повеќе булеварски сообраќајни проекти кои се реализираат или се реактивираат по долг период на застој, меѓу кои и проектот за булеварот „Македонија“, познат во јавноста како „Лимак“.

Ѓорѓиевски изрази очекување за продолжување на добрата соработка со Министерството за транспорт и со Светската банка, нагласувајќи дека идните проекти ќе бидат насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните и развој на локалните самоуправи низ државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Го откочивме БРТ, ќе има значително…

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната…

Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…

Две повозрасни лица биле физички нападнати на…

Кошта од денеска во посета на Западен…

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од…

Приведен скопјанец, натепал полицаец по завршување на…

Вчера во Кратово бил уапсен скопјанец, откако…

Распишан е нов тендер за набавка на…

Тендерот за набавка на 100 автобуси за…