Дивеење со над 150 километри на час однесе во смрт тројца млади луѓе во Бугарија
Тешка сообраќајна несреќа меѓу две возила и автобус се случила во близина на Софија во која животот го загубија тројца луѓе, а уште десетмина се здобија со повреди, од кои дури седуммина се во критична и тешка состојба, објавија бугарските медиуми.
Меѓу жртвите во оваа катастрофа се двајца патници од автобусот, мажи на возраст од 27 и 31 година, од кои едниот починал набрзо по приемот во болница. Третиот загинат, исто така маж, им подлегнал на повредите во болницата „Св. Ана“.
Според првичните информации и собраните докази од истрагата, главна причина за несреќата е енормната брзина со која се движеле два автомобили, која изнесувала над 150 километри на час.
Возачите на овие две возила во моментов се сметаат за директно одговорни за трагедијата, откако едниот од автомобилите странично удрил во автобусот што сообраќал на линијата 119 и целосно го превртел на страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентка издрогирана, претепана и групно силувана од…
Поранешна студентка на американскиот универзитет Корнел поднесе…
Пет-шест дена ќе требаат за нормално функционирање…
Пукната топловодна цевка на вториот кат ја…
Двајца полицајци нападнати во Липково
Двајца полицајци вчера биле нападнати во Липково.…
Запленети 150 килограми месо со изминат рок,…
Агенцијата за храна и ветеринарство заплени 150…
Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни…
По повод одбележување на Светскиот ден на…