Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

t

Од Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста во текот имплеметацијата на ново софтверско решение со кое се врши модернизација на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа се појавиле непредвидени работи поради кои ќе доцни исплатата на социјалната помош.

Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на техничко усогласување и миграција на податоците се појавија одредени непредвидени предизвици, кои предизвикаа пролонгирање на обработката на податоците и, следствено, доцнење на исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за неколку дена.

Од таму уверуваат дека исплатата ќе биде веднаш реализирана по завршување на техничките усогласувања, без да се наведе во дописот кога би можело да се случи тоа.

Ги замолуваат граѓаните од оваа категорија за разбирање и трпение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги…

Од Министерството за социјална политика, демографија и…

Херојска реакција на полицајци од СВР Велес:…

Жителка на Велес јавно им се заблагодари…

МАЛОЛЕТНИК СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ УДРИ ЖЕНА ВО…

Триесет и двегодишна жена е тешко повредена…

(Видео) Црна Гора се чуствува понижена по…

Лидерот на Демократската народна партија, Милан Кнежевиќ,…

ЗНАМ: Пендаровски и Ковачевски си противречат за…

Движењето ЗНАМ оцени дека јавноста заслужува одговори…