Општина Тетово донираше над 23 илјади евра на ИВЗ за да и ги покрие трошоците за данок на промет, опозицијата реагираше дека се работи за преседан
По големата дебата на последната седница на Советот на Општина Тетово, општината донираше над 23.000 евра, или 1.444.484 денари на Исламската верска заедница – износ даден како данок на промет откако откупи дел од комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово.
„Имајќи го предвид фактот дека износот за откуп на делови од комплексот ‘Арабати‘ од компанијата ‘Тетекс‘ е висок, што резултираше со плаќање на значителни даночни износи кон вашата институција, Муфтиството на ИВЗ Тетово бара од вас да овозможите поврат на данокот на промет, платен при купопродажбата на овој верски споменик“, пишува во барањето кое ИВЗ го има испратено до Општина Тетово, а со кое испраќа и потврда за платениот данок.
Дел од советниците од опозицијата жестоко реагираа дека се прави преседан кој во иднина може да предизвика секоја верска заедница да бара пари од општината за некои свои потреби. Советникот од Левица, Боби Илиевски, предложи советниците да се откажат месечниот паушал што го земаат, а градоначалникот од својата месечна плата и тие средства да се дадат на ИВЗ за покривање на овие трошоци, но овој предлог не помина.
Опозицијата нагласи и дека ваквиот начин на доделување финансиски средства за поврат на данок нема законска основа, но и покрај бројните укажувања, одлуката на ИВЗ да ѝ се даде бараната сума беше прифатена од мнозинството во Советот.
Во февруари оваа година, ИВЗ покажа имотен лист за „Арабати Баба Теќе“, на кој можеше да се забележи дека правниот основ за запишување во Агенцијата за катастар е купопродажен договор, заверен на нотар на 10 февруари 2026. Тогаш не беше објавено од кого било купено теќето, а сега се виде дека комбинатот „Тетекс“ е тој што го продал објектот.
До конфликтот во 2001, со „Арабати Баба Теќе“ управуваше текстилниот комбинат „Тетекс“, а овој угостителски објект беше еден од најдобрите и најпознати во Македонија. Во рамките на комплексот „Арабати Баба Теќе“ до 2001 се наоѓаше и Музејот на тетовскиот крај, кој беше исфрлени од своите простории. Иако ИВЗ, која влезе во објектот веднаш по конфликтот во 2001 година, купила дел од „Арабати Баба Теќе“, за овој културно-историски објект таа води спор со Бектешката заедница на Македонија. Бектешите велат дека овој објект, изграден уште во 1538 година, е нивни и е узурпиран од ИВЗ. Тие сега користат само еден, сосема мал дел од комплексот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Тетово донираше над 23 илјади евра…
По големата дебата на последната седница на…
Кина започна „специјална поморска операција“ кај Тајван
Кина објави дека започнала „специјална поморска операција“…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче не сакаат Македонија…
СДС и Венко Филипче не можат да…
Андоновски ќе ја презентира иницијативата „Роаминг како…
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска…
САД соборија два ирански дрона
Американските и иранските сили продолжија да разменуваат…