Ја следел поранешната партнерка и со закани барал повторно да живеат заедно
На 06.06.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.С. (58) од село во тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“, постапувајќи по пријава од неговата поранешна 53-годишна невенчана сопруга дека вчера во неколку наврати Ј.С. ја следел, вознемирувал и упатувал закани по нејзината безбедност, барајќи од неа да почнат повторно да живеат заедно.
Ј.С. е задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…