Турски државјанин пронајден мртов во хотел во Скопје
Шеесет и тригодишен турски државјанин бил пронајден починат во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, случајот бил пријавен на 6 јуни околу 16:52 часот, кога во хотелска соба бил пронајден починатиот С.Е. (63) од Турција, кој престојувал во државата.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
На местото бил извршен увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.
Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на причините за смртта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турски државјанин пронајден мртов во хотел во…
Шеесет и тригодишен турски државјанин бил пронајден…
Кина: Започнавме специјална поморска операција во близина…
Овие две земји, имено, планираат да започнат…
Турски државјанин пронајден починат во хотел во…
На 06.06.2026 околу 16:52 часот во СВР…
Пресадените срце и бубрег спасија два живота:…
Ова ја враќа надежта, надежта дека и…
(Видео) Палестинците во пеколот на шаторските населби…
Во својот скромен шатор во јужна Газа,…