Левица очекува предвремени избори: „Имаме моќ да ги обединиме прогресивните сили“
Политичката партија Левица вчера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво.
-Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и знаење да ги обедини сите прогресивни сили во општеството кои сакаат Македонија да биде вистински дом за сите нејзини жители, а не да биде „бизнис рај” за привилегирана шака моќници кои кокетираат со секоја власт, порачаа од партијата.
Од Левица велат дека остануваат доследни на своите политички принципи, со автентичен пристап и радикални ставови, бескомпромисно и без премолчување на неправдата, посветена на сериозна идеолошка борба за создавање подобро општество.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проф. Ачкоска: По лажниот костур на Филип…
„По лажниот костур на Филип II Македонски,…
Академик Стојков за најновиот грчко-бугарски „пазар“: Нема…
Не е научно потврдено дека моштите кои…
„Пулс“: Одржани 49 рочишта, изведени 1.390 материјални…
Од почетокот на судењето за случајот со…
ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ПРИЛЕП: Претреси на околу…
Неофицијално, Прилеп од рано утрово е под…
Како Хутите можат да предизвикаат глобална економска…
Додека се прават дипломатски напори за завршување…