Конечно ќе се реконструира Планинарскиот дом на Шар Планина

t

Министерството за спорт, во соработка со Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија, го отпочнува проектот за реконструкција и модернизација на Планинарскиот дом „Титов Врв“ на Шар Планина.

Министерот Борко Ристовски и Н.Е. амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, Мартин Памер, денеска потпишаа Меморандум за разбирање со кој се воспоставува рамка за соработка во врска со реализацијата на овој важен проект.

Во согласност со Меморандумот, Министерството за спорт ќе обезбеди навремено спроведување на релевантните административни постапки со цел да се овозможи добивање на потребните дозволи во разумен рок, за партнерите да можат да го реализираат Проектот во периодот од јули до септември 2026 година. Амбасадата на Австрија ќе ја поддржи реализацијата на Проектот, пред сè преку негова промоција и преку мобилизирање на релевантните чинители потребни за негово спроведување, особено имплементаторите на Проектот, како и преку поддршка од македонски и австриски компании кои работат во Република Македонија.

Заедничката цел на Проектот, кој има исклучиво непрофитен карактер, е трансформација на објектот во современ планинарски дом со дополнителни содржини, со цел подобрување на условите за безбеден престој и ноќевање на планина и зголемување на атрактивноста на Шар Планина за планинарите и посетителите.

Проектот претставува продолжение на активностите на Амбасадата на Австрија на Шар Планина, вклучително и проектот „Славков“ заедно со Чешката и со Словачката Амбасада за обележување на планинарската патека од Попова Шапка до Титов Врв, насочен кон развој на безбеден и одржлив планински туризам. По завршувањето на Проектот, реконструираниот Планинарски дом „Титов Врв“ ќе претставува водечки пример и симбол на македонско-австриското пријателство.

Реконструкцијата и модернизацијата на Планинарскиот дом со дополнителни содржини, вклучително и електрична енергија и интернет-конекција за потребите на метеоролошка станица, како и подобрените услови за престој и ноќевање, ќе придонесат за неговата повеќенаменска функција и ќе му служат на Националниот парк Шар Планина во извршувањето на неговите надлежности, особено во спасувачки операции, превенција од пожари и други вонредни состојби.

Дополнително, домот ќе се користи одговорно и совесно како отворен и инклузивен објект за планинари, спортисти, туристи и за пошироката јавност.
По извршената реконструкција, Министерството за спорт ќе го предаде објектот на користење на Федерацијата за планинарство на Македонија (ФПСМ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОМ: Мицкоски во работно време креира коалицијата,…

Зелената партија ДОМ го осудува срамното однесување…

Изгоре цела планина, а Мицкоски промовира проекти…

Крајно неодговорна и бесчуствителна е денешната изјава…

ДОМ ќе се изјасни за францускиот предлог…

Зелената партија ДОМ, инаку дел од владејачката…

ЦУК информира: Еве на кои планини нема…

Низ парк шумата Водно или низ нашите…

Првпат ја отвори вратата на вилата на…

Цеца Ражнатовиќ првпат ги отвори вратите од…