Објавено на:

Новата бугарска влада повеќе нема да и испорачува оружје на Украина

t

Бугарија повеќе нема да испраќа оружје во Украина, изјави денес министерот за одбрана Димитар Стојанов.

„Веќе јасно кажавме дека војната во Украина нема да се реши на бојното поле. Сведоци сме на војна на исцрпување и без оглед на количината на акумулирано оружје, единствениот резултат е губење на човечки животи“, изјави Стојанов пред новинарите во Софија. Тој додаде дека на Украина ѝ се потребни луѓе, а не дополнително оружје.

„Украина веќе има доволно оружје и не планираме да снабдуваме нови средства за украинската армија“, рече Стојанов.

Бугарскиот премиер Румен Радев, чија влада ја презеде функцијата по убедливата победа на изборите во април, со години се спротивставува на вооружувањето на Украина и се залага за „дипломатски решенија“.

Бугарија, членка на НАТО и на Европската Унија, обезбедува воена помош на Украина откако Русија ја започна својата инвазија во 2022 година.

Испораките, главно оружје од советско производство, играа значајна улога во раните фази од војната, но поради политичките контроверзии во земјата, тие често се извршуваа преку трети земји.

Стојанов рече дека е време страните да се вратат на преговарачката маса „за да се бара праведен мир што ќе го дефинираат двете страни“.

„Секако, улогата на Европската Унија е исклучително важна“, рече тој, додавајќи дека ЕУ тешко дека ќе може да ја преземе улогата на медијатор, „од едноставната причина што самата ѝ пружи поддршка на Украина во оваа војна“.

Стојанов, исто така, објави дека Бугарија планира да ги зголеми трошоците за одбрана на пет проценти од бруто домашниот производ до 2030 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата бугарска влада повеќе нема да и…

Бугарија повеќе нема да испраќа оружје во…

МВР: Пет пријави за семејно насилство, двајца…

МВР информира дека вчера попладне во 12:30…

Предлог законот за заштита од пушење го…

Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои…

(Видео) Рама објави бизарно видео направено со…

Албанскиот премиер Еди Рама наместо да ги…

Експлицитни фотографии од малолетничка од Скопје споделувани…

Експлицитни фотографии од малолетничка биле споделувани на…