Објавено на:

Франција му забрани влез на израелскиот министер за финансии

t

Франција му забрани влез на своја територија на израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич, кој „активно ја поттикнува анексијата на Западниот Брег“ и „отворено зборува за повторна колонизација на Газа“, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

Смотрич е вториот член на израелската влада против кого е воведена ваква мерка. Претходно, ваква забрана за влез на француска територија му беше изречена и на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир – уште еден политичар од крајната десница, кому престојот му е оневозможен од 23 мај, откако беше објавено видео на кое се гледаат активисти од „Флотилата за Газа“ како клечат со врзани раце.

„Безалел Смотрич активно ја поттикнува анексијата на Западниот Брег, за што јавно се залага, како и создавањето нови еврејски населби на Западниот Брег, повторното населување на Газа, економскиот колапс на Палестинската самоуправа и тешките последици што тоа ги има врз палестинското население. Тоа е политика што огромното мнозинство од меѓународната заедница не може да ја прифати, бидејќи е цврсто посветено на решението со две држави“, напиша Баро на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека забрана за влез на француска територија имаат и „четворица лидери на доселенички организации, како и 21 доселеник вмешан во насилство“.

Баро соопшти и дека, заедно со Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Норвешка, вовел „нови санкции против одговорните за ескалацијата на доселеничките активности и насилството на Западниот Брег“, без притоа да открие детали за мерките или за имињата на лицата опфатени со нив.

Петте држави на 10 јуни 2025 година објавија дека им забрануваат влез на министрите Бен-Гвир и Смотрич, обвинувајќи ги за „поттикнување насилство“ врз Палестинците, особено на Западниот Брег.

Израелската влада тогаш ги осуди санкциите, нарекувајќи ги „скандалозни“.

Израел го држи под окупација Западниот Брег од 1967 година.

Насилството поврзано со израелско-палестинскиот конфликт значително ескалираше на оваа територија по почетокот на војната во Појасот Газа, која беше предизвикана од нападот без преседан врз Израел што палестинското исламистичко движење Хамас го изврши на 7 октомври 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција му забрани влез на израелскиот министер…

Франција му забрани влез на своја територија…

Во Израел се прашуваат: Дали Нетанјаху одлучува…

Во Израел сè почесто се поставува прашањето…

(Видео) „Најбитниот ни фали…“ Полуматурата на синот…

Имаше насмевки, честитки и гордост, но и…

Рама контра „Револуцијата Фламинго“: Проектот во Зврнец…

Проектот за изградба на луксузен ресорт ќе…

Андоновски: Дата-центрите сè уште се само во…

Дата-центрите што вицепремиерот Александар Николоски ги најави…