Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме- нов обид за Чебрен
По безброј најави, тендери, преговори, пропаднати обиди – Чебрен повторно во фокусот. Хидроцентралата која со децении се гради на хартија и за која никако да се видат активности на терен, добива уште едно ново поглавје. Овој пат Владата била пред конечна одлука – проектот да го гради државата, без да се бара инвеститор. Цената на оптимизмот е околу 1, 5 милијарди евра со камати – пари кои би се барале од меѓународните финансиски институции.
Доколку успееме да формираме синдикат на меѓународни финансиски институции, а разговорите се во таа насока, тогаш реално е да се очекува следната година да ставиме камен темелник на овој би рекол. Треба да се обидеме, вака народски кажано да стиснеме заби и да го изградиме сами, изјави премиерот Христијан Мицкоски
Но, ова го отвара прашањето што би значел евентуално нов заем од над 1 милијарда евра за домашниот јавен долг кои годинава се очекува ќе ја помине црвената линија и да биде над 60 отсто од БДП.
Домашните експерти пак сугерираат ако успее владиниот план, главниот изведувач на работите да не биде странска, туку домашна градежна фирма.
Она ќе го гради, она ќе одговара за финансиските услови. Она ќе биде носител на гаранцијата, а дали она ќе ангажира подизведувачи Да. Ако идната година камен темелник ако решат уште овој момент они сите можат да направат подготовка. Да им кажат на фирмите да не преземаат други обврски бидејќи овде имаат обврски, изјави за Телма Константин Димитров од МААЦЕФ
За време на последниот неуспешен обид за Чебрен, од ВМРО – ДПМНЕ како опозиција се противеа странци да бидат дел од проектот. Но, со доаѓањето на власт, Чебрен се најде во разговорите при посетата на Обединетите Арапски Емирати, а беше презентиран и пред инвеститорите во Давос.
Досега за Чебрен имаше 14 тендери. На последниот во 2023 беше избрана грчката фирма Архиродон со кој на крајот на се потпиша договорот.
И покрај тоа што низ годините имаше доста заинтересирани странски компании за централата, се нижеа само пропаднати повици. Инаку, Чебрен е прокет во речиси сите владини програми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами…
По безброј најави, тендери, преговори, пропаднати обиди…
Шефот на германскиот гигант: Не очекува уште…
Светските резерви на нафта полека се исцрпуваат…
(Видео) Јакимовски тврди дека пресудата има цел…
Вонредна прес-конференција одржува поранешниот градоначалник на Општина…
Хорор на нива кај Прилеп: Загина маж…
Трагичен инцидент го потресе прилепското село Грушино,…
Новата бугарска влада повеќе нема да и…
Бугарија повеќе нема да испраќа оружје во…