(Видео) „Нема вам да ви докажувам“ – прва изјава на Богоев по излегување од ќелија
Стефан Богоев денеска излезе од притвор, откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати гаранцијата од 55.000 евра и ја уважи жалбата на неговата одбрана.
При напуштањето на притворската единица, Богоев кратко одговори на новинарско прашање на „Скопје1“, без да навлегува во деталите на предметот што се води против него.
„Имам предмет, ќе го докажувам на суд, на вас нема да го докажам, за жал, или за среќа“, и порача Богоев на јавноста одговарајќи на новинарското прашање.
На прашањето дали располага со докази со кои би го побил евентуалното обвинение што би можело да биде поднесено против него, тој не даде дополнителен одговор.
Во текот на изјавата, лица од неговата придружба се обидоа да го попречат снимањето на новинарската екипа, по што Богоев видно револтирано реагираше со зборовите: „Батали го бе“.
Тој не одговори ниту на прашањето дали е „фатен со рачињата во медот“, како и на прашањето кој е „ташнарот на Богац“.
Претходно денеска, Кривичниот совет ја прифати гаранцијата понудена од Богоев во висина од 55.000 евра, а покрај тоа му беа определени и мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за напуштање на државата.
Богоев е осомничен во истрага што ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за наводни злоупотреби во постапка за јавна набавка во Царинската управа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…
(Видео) Сафари возило полно со туристи слета…
Возило за сафари полно со швајцарски туристи…