Радев потврди: Бугарија запира со испорака на оружје за Украина
Владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев, јави БТА.
– Како што веќе знаете, владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина – изјави Радев на почетокот на редовната владина седница.
– Веќе дадовме доволно, нашата земја продолжува да трпи социјално-економски штети од оваа крвава војна. Убедени сме дека постигнувањето мирно решение нема да дојде со воени средства, затоа повторно повикуваме на сеопфатен реалистичен пристап и барање дипломатско решение – рече Радев.
Министерот за одбрана Димитар Стојанов вчера изјави дека владата не предвидува испраќање дополнително оружје за украинската армија. Според него, време е да се седне на преговарачка маса и да се бара праведен мир.
Според премиерот, зајакнувањето на владеењето на правото, на демократските институции и на одбранбените капацитети на бугарската армија, а не вложување дополнителни средства во војната, е вистинската инвестиција во европската иднина на земјата. Радев нагласи дека главен приоритет на владата се безбедноста и благосостојбата на бугарските граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе…
По остварена средба со претставници на дел…
ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…
Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…
Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните…
Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…
Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…