Сиљановска-Давкова од Софија: Да се натпреваруваме во знаење и развој, а не во блокади и поделби

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија повика на обновување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз кои пред три децении беше воспоставен овој процес.

Во своето обраќање, таа предупреди дека Југоисточна Европа се соочува со сериозни предизвици, меѓу кои масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското заостанување и влошените геополитички околности.

Според неа, овие проблеми бараат храбро и одговорно лидерство, засновано на солидарност и заеднички интереси, наместо на тесни и парцијални политики.

Сиљановска-Давкова истакна дека процесот на проширување на Европската Унија мора доследно да се темели на Копенхашките критериуми, а динамиката на пристапувањето да зависи исклучиво од напредокот во спроведувањето на реформите.

Повикувајќи се на мислата на бугарскиот писател Георги Господинов дека „кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина“, претседателката порача дека Балканот има потреба од дебалканизација преку европеизација.

Таа оцени дека европската интеграција претставува природна, но и геополитичка и безбедносна неопходност, нагласувајќи дека стабилен, просперитетен и европски Балкан е во интерес и на земјите од регионот и на самата Европа.

„Успехот на секоја држава треба да се доживува како успех на целиот регион. Наместо во блокади и поделби, треба да се натпреваруваме во знаење, иновации, култура и економски развој“, порача Сиљановска-Давкова, повикувајќи на поголема регионална одговорност како предуслов за предвидлива и сигурна заедничка иднина. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Виткоф утре патува во посета на Москва:…

Специјалниот пратеник на Соединетите Држави, Стив Виткоф,…

Герасимовски: Катастрофална е состојбата во државата –…

Градоначалникот на Општина Центар и потпретседател на…

За автопатите, годинава се обезбедени 243 милиони…

Државниот буџет ќе има улога во финансирањето…

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини,…

Велешанецот кој е пријавен за измами со…