Во домашните компании пласирани 230 милиони евра од унгарскиот заем

t

Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании.

Со трансферот, како што информираат од МФ, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра.

– Ова претставува 92 отсто реализација на кредитната линија што ја обезбеди Владата од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот пораст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95 отсто годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс-период до 3 години – се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на „Онлифенс“…

Корисниците од Македонија потрошиле околу 1,4 милиони…

На Ива Михаилова ќе ѝ се суди…

На Ива ќе ѝ се суди во…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Доналд Трамп: Вашингтон не води преговори со…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…

Апсење кај Ќафасан, гостиварец фатен со околу…

Полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“…