Во 2025 година се регистрирани 15 живородени деца од мајки на возраст под 15 години
Во 2025 година се родени 15.932 деца вкупно, од кои живородени се 15 850, а 82 се мртвородени.
Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1.3 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.7 %, односно на 100 живородени женски деца 106.9 се машки.
Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во месец јули: 1 531.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 31.7 % се живородени деца од мајки на возраст 25 – 29 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.8 години, а на прворотките 28.2 години.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1995 година.
Во 2025 година се регистрирани 15 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 868 или 11.8 % од вкупниот број на живородените деца.
Бројот на живородените деца е намален за 1.3 % во однос на 2024 година.
Структура на живородените по пол:
* 51.7 % машки
* 48.3 % женски, односно на 100 живородени женски деца 106.9 се машки.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.8 години, а на прворотките 28.2 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 868 или 11.8 % од вкупниот број на живородените деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каранфилова Пановска: Во изминатите 6 месеци имаме…
Во изманатите шест месеци од владеењето на…
Ужас во Хрватска: Пронајдени закопани две бебиња,…
Страшен случај ја потресе Хрватска, откако во…
Најмалку 30 предвремено родени бебиња евакуирани од…
Министерството за здравство во Појасот Газа денеска…
(Видео) Емотивно: Две бебиња извлечени од урнатините…
Едногодишно бебе беше извлечено од урнатините 53…
Скандал во Бугарија: Болниците се проверуваат заради…
За случајот со заменетите бебиња, покрај Извршната…