Иран им се заканува на САД: Нафтата може да скокне на 200 долари за барел
САД треба да бидат подготвени за цени на нафтата до 200 долари за барел доколку продолжат со своите акции против Иран, изјави иранскиот амбасадор во Јапонија, Пејман Седат, за руските медиуми.
„Ако продолжат да дејствуваат на ист начин, ние, секако, ќе одговориме. Тоа е нивна вина и нивен проблем. Цената на нафтата би можела да достигне 150 до 200 долари за барел доколку продолжат по овој пат“, рече Седат.
Тој нагласи дека Иран ќе се брани со сите средства што ги смета за неопходни „Ние ќе се браниме со сите средства што ги сметаме за неопходни, а потоа тие треба да очекуваат многу повисоки цени на нафтата. И тоа ќе биде нивна одговорност. Ние не сме тие што работат во близина на САД – тие работат во мојот регион“, рече иранскиот дипломат.
Иран го затвори Ормутскиот теснец како одговор на она што го нарече агресија против неговата безбедност и ќе го држи затворен „доколку е потребно“. „Непријателските бродови не можат да поминат низ Ормускиот теснец – тој е затворен за нив. Што се однесува до другите бродови, тие мора да ги координираат своите активности со нас. Од рано утрово, по терористичките напади, го затворивме Ормускиот теснец бидејќи од таа насока беше извршена вистинската агресија врз нашата безбедност“, рече Седат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…