Агенцијата за управување со одземен имот ќе продава од запленетите

t

Агенцијата за управување со одземен имот објави Оглас бр. 8/2026 за продажба на одземени моторни возила преку второ електронско јавно наддавање.

 Продажбата ќе се одржи на 11 јуни 2026 година на депо Тетово и вклучува три возила со утврдена почетна цена и депозит за учество.  

На листата се наоѓаат:  

– ТМВ DAF F1 XF105, произведен во 2007 година, со моторна сила од 340 kW и зафатнина од 12.902 cm³. Почетната цена е 232.500 денари, или само  3.780 евра, додека депозитот за учество изнесува 23.250 денари односно 378 евра. Продажбата ќе започне од 09:00 до 09:15 часот. 

– ПМВ AUDI A7, произведен во 2019 година, со моторна сила од 210 kW и зафатнина од 2.967 cm³. Почетната цена е 1.930.950 денари или 31.400 евра, со депозит од 193.095 денари. Наддавањето ќе се одржи од 11:00 до 11:15 часот. 

– Мотор KAWASAKI, произведен во 2010 година, со моторна сила од 138 kW и зафатнина од 998 cm³. Почетната цена е 221.400 денари односно 3.600 евра, со депозит од 22.140 денари, а наддавањето ќе биде од 13:00 до 13:15 часот. 

Учесниците мора да поднесат пријава со потребната документација, вклучително доказ за уплата на депозит од 10 отсто од почетната цена, копија од лична карта или патна исправа за физички лица, изјава заверена кај нотар и, за правни лица, тековна состојба од Централниот регистар не постара од шест месеци.  

Продажбата ќе се одвива преку системот за електронско наддавање на Агенцијата (www.odzemenimot.gov.mk) по принципот „видено-понудено-купено“. 

За најповолен понудувач се смета оној кој последен ја наддал почетната цена и кој понудата ќе ја уплати во целост. 

Депозитот на неприфатените понудувачи веднаш се враќа, а сите трошоци за преземање на возилата паѓаат на товар на купувачот.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Субвенции нема, директорот на АФПЗРР на прошетка…

АФПЗРР претставувана од директорот Илија Стоилев и стручни…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…

Теологот Асани назначен за заменик директор во…

Несоодветни кадри назначени за директори и заменици…

Црна Гора започна со замрзнување на имотот…

Црна Гора: Започна замрзнувањето на имотот на…

Во првиот квартал 5.919 продажби на недвижности…

Во базата на Регистарот на цени и…