Јакимовски ќе бара да му се одложи влегувањето во затвор

t

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе бара одложување на извршувањето на затворската казна, откако денеска од Кривичниот суд информираа дека му е издаден упатен акт на 2 јули да се јави во затворот ,,Скопје”.

Информацијата за ,,Фокус” ја потврди Јакимовски, кој вели дека постојат оправдани причини, а истото ни го потврди и неговиот адвокат, Виктор Цветковски, бидејќи ваква можност дава Законот за извршување на санкциите.

-Постои законска можност, а постојат и оправдани здравствени причини… да сигурно дека ќе бараме, изјави адвокатот Цветковски за ,,Фокус”.

Законот предвидува одлагање на датумот на влегување зад решетки, доколу осудениот исполнува некој од наведените услови:

1) се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест или од зависности;
2) се случила смрт или тешка болест во потесното семејство на осуденото лице;
3) одлагањето е потребно заради извршување или довршување на неодложни полски или сезонски работи, или работи предизвикани од елементарна непогода или со друга несреќа, а во семејството на осуденото лице нема доволно друга работна сила;
4) осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а
поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета;
5) одлагањето на осуденото лице му е потребно заради завршување на училишната
година или за полагање на испит за кој се подготвувало;
6) заедно со осуденото лице се осудени неговиот брачен другар или други членови
на заедничкото домаќинство или ако некои од нив се наоѓаат на издржување на казната, а со упатувањето на сите овие лица на издржување на казна би била загрозена издршката на старите, болните или малолетните членови на семејството или би се довело во прашање нормалното стопанисување на домаќинството;
7) е осудена жена чие дете е помало од една година или која е бремена, а до породувањето не преостануваат повеќе од три месеци и
8) е потребно осуденото лице одредено време да се грижи за воспитување и чување на децата или згрижување на немоќни лица за кои е должно да се грижи, според мислењето на органите за социјална заштита на општината на чие подрачје децата или
тие лица имаат живеалиште или престојувалиште.

Во случај одложувањето да е поради болест, тогаш тоа трае се додека трае болеста, односно лекувањето. Од друга страна, осудениот на секои 30 дена треба да доставува доказ за неговата здравствена состојба.

Барањето за одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор се поднесува во рок од три дена од денот на приемот на упатниот акт.

Пред неколку дена од Кривичниот суд информираа дека со пресуда на Апелација, поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, правосилно е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда.

Сепак ова не значи дека Јакимовски токму една година ќе помине зад решетки, бидејќи во казната му се засметува и времето од пет месеци кое го помина во притвор. Затоа останува во затворот во Шуто Оризари да издржи уште седум месеци од казната.

Во меѓувреме Јакимовски најави дека ќе се жали пред Врховниот суд, каде што ќе ја оспори првосилната пресудата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски ќе бара да му се одложи…

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе…

Енес Демири ослободен од обвинение за убиството…

Адвокатката Ивана Јакимовска соопштува дека нејзиниот клиент…

Бебе од Куманово заврши во болница по…

Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…

Бугарија ќе мора да плати 600 милиони…

Бугарија ќе мора да плати 600 милиони…

Мелони: ЕУ треба да има еден претставник…

Европските сојузници на Украина треба да назначат…