Трамп: Протечените информации за договорот со Иран не се точни
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека информациите што протекоа во јавноста во врска со договорот меѓу САД и Иран немаат никаква врска со условите што биле договорени.
Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп наведе дека иранските коментари за договорот не ја одразуваат вистинската состојба.
„Тоа што го кажаа, вклучително и нивната слаба и жална изјава за постигнување договор, нема никаква врска со вистината. Многу нечесни луѓе со кои е тешко да се работи. Со нив не постои нешто како преговори во добра волја. НЕВЕРОЈАТНО!“, напиша американскиот претседател.
Тој додаде дека е „целосно неприфатлив“ нападот со беспилотни летала, кој, според него, Иран го извел во текот на изминатата ноќ врз индиски бродови што ја напуштале Ормуската Теснина.
„Подобро е да станат поодговорни и тоа брзо!“, порача Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…