Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
Предвремени избори се можни, но сѐ уште е рано да се прогнозира дали политичките партии ќе одлучат да не го чекаат редовниот термин во 2028. Април или мај би бил најраниот термин за предвремени избори, со оглед на тоа што на следните избори ќе мора да се испочитува т.н. Пржинска Влада која има 100 дневен мандат.
Универзитетскиот професор Владимир Божиновски вели дека е нормално владејачка гарнитура да размислува за предвремени избори во вториот дел од мандатот доколку анкетите покажуваат дека е во предност. Но, за предвремени избори, според него, освен предност на анкетите потребна е и конкретна причина.
За тезата на опоизицицијата дека власта сака да оди на избори бидејќи државната каса е празна, Божиновски вели дека аргументот не држи вода, бидејќи и по изборите, истата гарнитура ќе треба да се справи со истата празна државна каса.
Темата за можни предвремени избори ја покрена вчера премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека за бргу отсега ќе се одржат избори. Сепак, кажа дека неговата гарнитура преферира редовни избори, но треба да биде подготвена на секакви сценарија.
Извор: Сител
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Април или мај е најраниот термин доколку…
Предвремени избори се можни, но сѐ уште…
Шефицата на американските шпиони: Сме финансирале биолабаратории…
Директорката на Националното разузнавање во заминување, Тулси…
Бугарија прва во ЕУ по смртност од…
Смртност од загаден воздух и понатаму ја…
Москва: Вонземјаните одговорија на нашите молби
„Пред два дена ги замолив вонземјаните да…
Премиерот на Пакистан: Постигнат конечниот текст на…
Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, денеска објави…