(Видео) Бугарски пратеник бара забрана за влез во Шенген за Мечка и Мичо поради средниот прст за Јотова и Радев

t

Бугарската партија „В’зраждане“ најави дека ќе испрати официјално барање до Министерството за надворешни работи на Бугарија за забрана за влез во Шенген-зоната за двајца државјани на Македонија, поради видео во кое, според партијата, упатиле навредливи гестови кон бугарскиот претседател Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова.

Пратеникот Ангел Георгиев во бугарскиот парламент изјави дека станува збор за „двајца македонски јутјубери“ кои го објавиле видеото во последните 24 часа.

„Ние од ‘В’зраждане’ инсистираме Министерството за надворешни работи конечно да реагира, бидејќи досега нема никаква реакција“, изјави Георгиев.

Од партијата очекуваат и судски последици за двајцата. Георгиев го спореди случајот со бугарскиот државјанин Драги Каров, кој неодамна во Македонија беше осуден на условна казна затвор поради објави на Фејсбук.

„Очекуваме и тие да бидат осудени, бидејќи во спротивно тоа ќе биде уште еден доказ дека Република С. Македонија не се реформира и нема место во ваква состојба во Европската Унија“, рече Георгиев.

Барањето на „В’зраждане“ доаѓа во период на продолжени политички и дипломатски тензии меѓу Софија и Скопје. Бугарското Министерство за надворешни работи во повеќе наврати соопшти дека не поддржува промена на европската преговарачка рамка за Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бугарски пратеник бара забрана за влез…

Бугарската партија „В’зраждане“ најави дека ќе испрати…

Тајни преговори меѓу Катар и Иран за…

Катар за време на војната водел тајни…

ВМРО-ДПМНЕ: Уставните измени не се последна, туку…

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека уставните измени не…

Арагчи: Иран е победник во војната, договорот…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…

Охриѓанецот Кадри Селман продолжува да го разубавува…

Охриѓанецот Кадри Селман во пресрет на летото…