ВМРО го нарече Филипче слуга на Софија
Додека раководството на СДС и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано – слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните и секојдневно работи за подобар животен стандард. Колку за илустрација во таа насока се и активностите деновиве за привлекување на странски инвеститори, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче и раководството на СДС се однесуваат целосно полтронски кон Бугарија и официјална Софија. Веројатно тоа го гледаат како единствен начин за доаѓање на власт, додаде Петрушевски.
Имено тој додаде дека актуелното државно раководство на прво место ја става сопствената држава Македонија, сопствениот јазик, идентитет и се што е македонско.
-Политиката која се води е во вистинска насока неделава покажаа и истражувања на јавното мислење. Високи 80 проценти се против вклучување на Бугарите во Уставот под диктат на официјална Софија, изјави Патрушевски.
СДС мора да разбере дека со промовирање на идејата за Бугари во Устав не се става крај, туку само се отвораат низа на прашања и проблеми за Македонија, нотира тој.
Се додека СДС не се освести, само ќе тоне се подлабоко и е на добар пат да се уништат самите. Затоа политиките на ВМРО-ДПМНЕ имаат поддршка од поголем број на граѓани. ВМРО-ДПМНЕ се прави достоинствено, така ќе биде и со интеграцијата на Македонија во ЕУ, потенцира Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин нареди тридневен прекин на нападите врз…
Рускиот претседател Владимир Путин наредил да не…
Ѓорѓиевски: Започна ослободувањето на трасата за ставање…
Она што со години стоеше заглавено, денес…
Аксиос: Администрацијата на Трамп работи на повоена…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп работи…
Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…
Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…
СНС едногласно одлучи: Вучиќ носител на листата…
Главниот одбор на СНС на денешната седница…