Скопјанец бил пресретнат од три автомобили, го тепале, а потоа киднапирале и фрлиле во селото Шишево
Скопјанец пријавил дека вчера, среде бел ден, бил пресретнат од три автомобила, при што бил претепан и киднапиран, соопштија од МВР.
-На 12.06.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е.(36) од скопско пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со патничко возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила „хјунади“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“, управувани од Р.Б., М.Б. и Б.Б., при што Р.Б. физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Според пријавеното, после тоа го ставиле во едно од возилата и го однеле најпрво на автоплац во Карпош, а потоа го оставиле во село Шишево, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…