Бродска несреќа кај Сплит: Во судир на катамаран и едрилица загинаа три лица, сите Чеси
Во водите на сплитскиот акваториум, помеѓу Милна на островот Брач и островот Шолта, во неделата малку пред пладне се случи сериозна поморска несреќа, во која, според информациите потврдени од Сплитско-далматинската полициска управа, загинале три лица, а се бара едно. Како што се дознава, судирот меѓу катамаран и едрилица се случил под сè уште нејасни околности, по што едрилицата, со осум лица на неа, потонала.
„На преостанатите патници од едрилицата (четири лица) им била укажана медицинска помош од страна на итен медицински персонал на местото на настанот и немало потреба да се однесат во болница“, објави сплитската полиција.
Сите патници на едрилицата под француско знаме биле Чеси.
Еден сведок претходно изјави дека едрилицата била згмечена откако била удрена од катамаранот, а други сведоци рекле дека потонала многу брзо.
Од Министерството за море изјавија: „Во времето на несреќата, на патничкиот брод имало 118 патници и 7 членови на екипажот, додека на едрилицата имало 8 лица, од кои тројца за жал починале, додека по едно лице сè уште се трага. Останатите 4 лица од потонатата француска едрилица беа извлечени од морето“, се вели во соопштението.
Во потрагата на површината биле вклучени сите расположиви спасувачки чамци од Сплитската капетанија и придружните ограноци
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бродска несреќа кај Сплит: Во судир на…
Во водите на сплитскиот акваториум, помеѓу Милна…
Голем пожар меѓу Долани и Љуботен: Огнот…
Попладнево на бројот 112 бил пријавен пожар…
Трамп: Денешниот израелски напад врз Бејрут не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелскиот…
Група карпошани протестираа за слобода на Стевчо…
Група граѓани денеска се собраа пред објектот…
За влез во Грција се чека по…
Почетокот на летната сезона донесе големи гужви…