26 годишна девојка од Македонија загина во сообраќајка во Албанија
26 годишна државјанка на Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 11:30 часот на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија.
Според првичните информации, автомобил управуван од жителка на Корча (Албанија) се судрил со возило со македонски (струшки) регистарски таблички, кое го управувала државјанка на Македонија од Ливада, Струга.
Во несреќата смртно настрадала 26-годишната Е.Л., која била сопатничка во возилото со македонски таблички. Повредени се и двајцата возачи, како и уште двајца патници кои се наоѓале во двете возила.
Сите повредени се пренесени во болница, каде што им е укажана лекарска помош. Според информациите на албанските медиуми, нивната состојба е стабилна и тие се надвор од животна опасност.
На местото на несреќата извршен е увид, а истражните органи работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до трагичниот судир
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија ќе ги добие посмртните останки на…
Бугарија и Грција постигнаа договор за враќање…
Снајперски пушки и знамиња со ИСИС –…
Шест лица се уапсени во Скопје и…
Фон дер Лајен в петок доаѓа во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Иран со директна закана кон нафтениот пазар:…
Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф…
Зошто би сакале да се смени Филипче,…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на наводите за…