Матурант од Струмичко со „Мерцедес“ бегал од полицајци — го стигнале во Богданци, таму сакал да ги тепа
18-годишно момче од Струмица, кое возело автомобил „Мерцедес“, синоќа не застанало кога го запреле полицајци, а потоа во филмска потера се нашло во Богданци. Таму, момчето ја напуштило колата и почнало да бега пеш, а кога полицајците го стигнале, физички ги нападнало, соопшти МВР.
„Ноќеска (14.06.2026) во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(18) од село Василево, струмичко. Тој, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од полициски патроли и продолжил да се движи со возилото со голем брзина. Во Богданци го запрел возилото и побегнал, а откако бил стигнат физички ги нападнал полициски службеници. Лицето е задржано во полициската станица Гевгелија и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
60 пијани возачи се казнети за само…
Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…
Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…
Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Со 1,26 промили, велешанец физички ја нападнал…
Полицијата во Велес го лишила од слобода…