Газдите на „Пулс“ се откажаа од тужбата против младите кои го демолираа „Класик“
Сопствениците на дискотеката „Пулс“ се откажале од приватната тужба против група млади кочанчани кои беа обвинети за демолирање на кафе-барот „Класик“ по трагедијата во Кочани.
Од документот на Основниот суд Кочани, се гледа дека приватниот тужител ДПТУ „Бит Тим“ ДООЕЛ Кочани, чиј управител е Михаил Јованов, преку својот полномошник доставил поднесок со кој ја повлекува приватната тужба против обвинетите.
Судот наведува дека на 11 јуни 2026 година тужителот доставил поднесок со кој се откажува од кривичното гонење, по што согласно Законот за кривична постапка донел решение за запирање на постапката.
Обвинетите се товареле за кривичните дела „Оштетување туѓи предмети“ и „Нарушување на неповредливоста на домот“.
Во решението се наведува дека кривичната постапка се запира поради повлекување на приватната тужба од страна на тужителот.
Одлуката е донесена на 12 јуни 2026 година од судијата Спиро Борисов при Основниот суд Кочани.
Кафе-барот „Класик“ беше демолиран во деновите по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа десетици млади лица, а револтот на граѓаните беше насочен кон објекти поврзани со сопствениците на дискотеката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газдите на „Пулс“ се откажаа од тужбата…
Сопствениците на дискотеката „Пулс“ се откажале од…
Трамп го испраќа Венс во Швајцарија на…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила,…
Мојот став е ист како оној на…
Јотова со нова провокација: Прашање е дали…
Категорично го осудувам палењето на дипломатски возила…
Макрон: Носачот на авиони „Шарл де Гол“…
Претседателот Емануел Макрон денеска изјави дека Франција…