Денес се празнуваат Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула

t

Остарен како незнабожец и идолски жрец Лукилијан како белокос старец ја позна христијанската вистина и се крсти. Неговото обраќање во христијанство предизвика голема возбуда меѓу незнабожците во Никомидија и беше изведен на суд, но бидејќи не сакаше да се одрече од својата нова вера, луто беше биен и претепан го фрлија во затвор. Во затворот најде четири момчиња: Клавдиј, Ипатиј, Павле и Дионисиј, заробени заради верата во Христа. Старецот им се израдува на момчињата и тие нему, и сите заедно го минуваа времето во побожни разговори, молитви и псалмопение. Кога ги изведоа од затворот, ги мачеа со разни маки и најпосле ги пратија во Византија, каде што момчињата беа од војниците исечени со меч, а Лукилијан од Евреите распнат на крст. Злобните Евреи целото тело му го избоцкаа со клинци. Некоја девица Паула јавно го зеде телото на маченикот и го погреба чесно. За ова беше обвинета, па мачена и на крајот ја исекоа. Од Господ прими два венци: на девственост и на мачеништво. Овие маченици пострадаа во времето на царот Аврелијан, меѓу 270 и 275 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнуваат Светиот маченик Лукилијан и…

Остарен како незнабожец и идолски жрец Лукилијан…

Денес се празнуваат Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски…

Овој светител беше родум од Антиохија и…

Житие: Светиот маченик Јустин Философ

Роден од елински родители во самарјанскиот град…

Денес се празнува Преподобен Исакиј Исповедник

Во времето на царот Валент настана големо…

Денес се празнува Спомен на Првиот Вселенски…

Спомен и пофалба на Светите отци од…