Зеленски и Трамп му предложиле на Путин средба во САД, се чека одговор
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Меѓувладината конференција на Европската Унија дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД.
– Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната – изјави Зеленски пред заминувањето на самитот на Г-7 во Франција.
Според него, Путин досега одбивал таква средба.
– Со САД и со Франција разговаравме за можноста за средба со Русија на маргините на форумот на Г-7, со учество на сите демократски држави. Путин не го сака тоа – рече украинскиот претседател.
Тој додаде дека вчера разговарал со Трамп за можноста „таква средба да биде организирана во САД, во формат во кој на Путин ќе му биде значително потешко да ја одбие, особено поради присуството на американскиот претседател“.
– Ќе видиме што ќе се случи. Ако Русија ја одбие оваа можност, ќе биде неопходно да се изврши дополнителен притисок – нагласи Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…