ПОРТАЛИ ПОВРЗАНИ СО БУГАРИЈА ВОДАТ КАМПАЊА ПРОТИВ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ! Владата презема мерки против хибридни закани

t

Портали поврзани со Бугарија тераат хибридна кампања и шират дезинформации во македонскиот сајбер-простор, вели заменик шефот на македонската дипломатија од Луксембург. Зоран Димитровски обраќајќи се на Советот за европска демократија порача дека Владата презема мерки поради оваа појава.

– Во изминатиот период се соочуваме со засилени и сериозни дезинформациски и хибридни активности кои доаѓаат од структури и медиумски платформи поврзани со нашиот источен сосед и имаат за цел да ја поткопаат довербата во институциите, да го поткопаат нашиот идентитет и да создадат поделби во општеството – нагласи Димитровски и ја потврди подготвеноста на Македонија да се справи со хибридни закани и странски влијанија.

Тој истакна дека манипулациите и странските влијанија во информацискиот простор денес претставуваат една од најсериозните закани за демократската безбедност, со потенцијал да создадат поларизација, да ја нарушат довербата во институциите и да ги поткопаат демократските процеси, особено изборите.

Во своето обраќање, Димитровски ја поздрави иницијативата за воспоставување на Европскиот штит за демократија и Европскиот центар за демократска отпорност, оценувајќи дека тие претставуваат важен чекор во зајакнувањето на демократските институции, заштитата на изборните процеси и справувањето со странското влијание и хибридните закани.

Состанокот во Луксембург беше посветен на иницијативата „Европски штит за демократија”, а беше организиран од Кипарското претседателство со Советот на Европската Унија и Европската комисија.

На дискусијата учествуваа министри од земјите кандидатки и потенцијалните кандидатки за членство во Европската Унија, при што беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамките на Европскиот штит за демократија, како и придобивките од заедничките активности за зајакнување на демократската отпорност.

Во фокусот на разговорите беа прашањата поврзани со заштитата на интегритетот на информацискиот простор, зајакнувањето на демократските институции, слободните и фер избори, независните медиуми, како и зголемувањето на општествената отпорност и граѓанското учество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриеска-Кочоска: Продолжена мерката за понизок ДДВ за…

Владата ги продолжи мерките за намалување на…

Наводи за „калашникови“ и „скорпиони“ кај учесници…

Автоматски пушки „калашников“ и автомати „скорпион“ наводно…

Израел ги забрзува процедурите за доселување на…

Израел се подготвува за зголемување на бројот…

Виткоф утре патува во посета на Москва:…

Специјалниот пратеник на Соединетите Држави, Стив Виткоф,…

Герасимовски: Катастрофална е состојбата во државата –…

Градоначалникот на Општина Центар и потпретседател на…