Објавено на:

Во Куманово пронајдени три деца во бессознание, родителите одбиле токсиколошки анализи и болничко лекување

t

Три малолетни деца – петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од 12 и 9 години, биле пронајдени вчера во бессознание на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, информираат од СВР Куманово. Според првичните и неофицијални информации, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепило.

Случајот бил пријавен вчера околу 10:40 часот, по што екипа на Итната медицинска помош, во придружба на полициски службеници, итно ги пренела децата во Општата болница во Куманово.

Од кумановската болница информираат дека при приемот децата биле стабилни, но во запуштена состојба, со проширени зеници и промени во однесувањето. Тие веднаш биле прегледани од педијатар и од интернист, а бил повикан и социјален работник.

И покрај инсистирањето на лекарите децата да останат на дополнителни иследувања, родителите одбиле соработка со медицинскиот персонал.

„Во присуство на социјален работник и инспектори од МВР, родителите изричито одбија понатамошна опсервација и лабораториски испитувања. Тие си ги презедоа децата, иако беа упатени на Клиниката за детски болести и Токсикологија во Скопје за токсиколошки анализи, како и на детска психијатрија“,

велат од Општа болница Куманово.
За случајот веднаш бил известен и Центарот за социјални работи (ЦСР) Куманово. Оттаму информираат дека инспектор од МВР веќе разговарал со малолетниците и со нивните родители. Според првичните изјави на децата, тие не конзумирале ништо, туку „само спиеле“ во моментот кога биле затекнати од случаен минувач.

Од Центарот за социјални работи откриваат дека ова семејство не и е непознато на институцијата и дека и претходно било евидентирано.

Децата, заедно со нивната мајка, претходно биле евидентирани поради питачење низ кумановските улици.

„За конкретниот настан родителите и децата веднаш се повикани во Центарот и ќе постапиме соодветно, согласно нашите надлежности“,

потврдуваат од ЦСР Куманово.
Од СВР Куманово додаваат дека полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…

Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…

Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…

Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…

Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…

„Јас жалам повторно што дури и оваа…

Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…

Јас не можам да зборувам од аспект…

(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…

Во чeст на 35 годишнината на независноста,…