БЛОКАДА ОД БУГАРИЈА НА 21 ЈУНИ: Бугарското МВР дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини
Бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини на 21 Јуни.
Блокадата која ќе трае 2 часа е организирана од антимакедонската бугарска Фондација Македонија.
Во најавата за блокадата на Деве Баир, Делчево и Ново Село се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија.
Целта според најавата е да му се покаже на македонскиот премиер Мицкоски дека не може да продолжи со наводниот прогон на Бугари во Македонија.
,,Дојдете оваа недела од 11 часот на една од трите гранични точки со Македонија за заедно да ја блокираме границата со Македонија 2 часа.
Целта е демонстративно да му се покаже на Мицковски дека не може да продолжи со прогонот на Бугарите во земјата”, стои во најавата.
,,Нашата цел е да му покажеме на Мицковски дека не може да продолжи со репресиите. Не ни е цел да ги попречуваме граѓаните и нивниот слободен премин преку границата, затоа блокираме 2 часа, а не трајно! Дојдете и покажете единство и сила, Бугари”, повикува фондацијата Македонија која има блиски врски со тајни служби на земја која не е дел од НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БЛОКАДА ОД БУГАРИЈА НА 21 ЈУНИ: Бугарското…
Бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола…
(Видео) Голобрадо момче од Вазраждание бара шамари…
Крум Тодоров од бугарскат парламентарна партија Возраждание…
(Видео) Бугарскиот европратеник се вознемирил од средниот…
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ги нарече Македонците,…
Вајц: Македонија може да биде следната членка…
Известувачите на Европскиот парламент за земјите од…
Димитриевски: Влеговме во коалиција за да Македонецот…
Претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово,…