(Видео) Голобрадо момче од Вазраждание бара шамари за Инфомакс и специјална воена операција против Македонија затоа што Сиљановска не ги разбирала Бугарите
Крум Тодоров од бугарскат парламентарна партија Возраждание бара физичко насилство против новинарите на Инфомакс, Александар Митовски и Милош Милошевски поради средниот прст за бугарската политика, но и специјална воена операција по примерот на Владимир Путин и Русија во Украина.
Тој многу се вознемирил откако ги видел средните прсти на сите Македонци на кои им е преку глава бугаркиот однос кон Македонија, но и откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова посочи дека не ги разбира убаво Бугарите па на прес-конференција со нив говореше на англиски јазик.
-Македонија е бугарска, но ова не треба да остане само на зборови. Потребни се и дела, бидејќи во спротивно некои луѓе почнуваат да се забораваат себеси.
Крум како и Вазраждание е познат по својата русофилиска афилијација.
-Ова е дипломатија – Костадин Костадинов и Дмитриј Медведев. Каде што едни уништуваат, други градат мостови. Уште од 20 век е познато дека кога Западот ќе замавне со палката кон Русија, ќе го удри тежок воз. И не, јас не сум ниту за Исток ниту за Запад, јас сум за Бугарија, која треба да влече од двата правци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вангелина Пармачка од Будинарци меѓу 100-те жени…
Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е…
Пукање од возило во Сарај: Едно лице…
На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР…
Нетанјаху: „Имаме способност да ги напаѓаме нашите…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата, при…
Осумгодишно дете удрено на пешачки премин пред…
8-годишно дете било удрено од автомобил на…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…