Стојаноски: СДСМ да ја закаже јавната расправа за игри на среќа

t

СДСМ да ја закаже јавната расправа за игри на среќа, побара денеска Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

„Иако бараа јавна расправа за Законот за приредување на игри на среќа, сега сакаат да ја обструират, не закажувајќи ја јавната расправа. На нивно барање поддржавме јавна расправа на која експерти од фелата ќе го кажат своето мислење дали се за или против Законот, како и нивните ставови во однос на членовите коишто ги содржи тој Закон. Во моменти кога сакаме да регулираме цела една индустрија, се јавуваат СДСМ со нивната обструкција и упорно не сакаат да ја закажат јавната расправа, на која што повторно сакам да кажам, сите засегнати страни ќе можат да го кажат своето мислење. Зошто? Нека кажат самите“, рече тој.

Стојаноски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш и неодложно во текот на денешниот ден, претседателката на Комисијата и пратеничката група на СДСМ да ја закаже јавната расправа, за да можат потоа од ставовите на оние кои што ќе учествуваат во јавната расправа да се донесат одредени заклучоци, коишто потоа можеби и ќе се инкорпорират во законскиот текст.

„Ние нема да дозволиме да застане процесот. Доколку не се одржи јавната расправа, на следната наредна седница ќе биде ставен Законот, согласно со деловникот – и постапкатата за неговото донесување ќе биде продолжена“, рече Стојаноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојаноски: СДСМ да ја закаже јавната расправа…

СДСМ да ја закаже јавната расправа за…

ФСБ: Спречени терористички напади во три руски…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави…

На „Богородица“ запленет златен накит вреден 1,1…

На граничниот премин Богородица, царински службеници запленија…

Украина и Молдавија ги започнаа пристапните преговори…

Европската Унија официјално го започна процесот на…