Цената на нафтата драстично падна
Цената на суровата нафта на светските пазари бележи значителен пад во текот на денешниот ден, при што референтната нафта Брент се спушти под границата од 80 долари за барел за првпат од март наваму.
Енергетските пазари во моментов реагираат на очекувањата дека Соединетите Американски Држави и Иран би можеле да постигнат договор, што директно би придонело за отворање на стратешки важниот Хормуски Теснец и за нормализирање на глобалното снабдување со нафта.
Според официјалните утрински податоци од берзите, нафтата Брент се тргуваше по цена од 78,90 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ (WTI) достигна вредност од 76 долари за барел.
Овој пад на вредноста доаѓа по долг период на силен раст на цените. Само пред неколку недели цената на Брент надминуваше 100 долари за барел, што беше резултат на стравувањата од евентуални нарушувања во снабдувањето со енергенси и зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток.
Економските аналитичари оценуваат дека евентуалниот договор меѓу Вашингтон и Техеран во претстојниот период би можел трајно да го намали притисокот врз енергетските пазари и да придонесе за поголема стабилност на цените на горивата во наредниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата драстично падна
Цената на суровата нафта на светските пазари…
БМВ предупредува на „значаен“ пад на профитот,…
Производителот на автомобили BMW AG со седиште…
Министерството за транспорт до СДСМ: Противењето на…
Министерството за транспорт преку соопштение реагираше на…
Фрлил три торби дрога во битолско и…
Вчера во 18:45 часот на потегот помеѓу…
15 ИНВЕСТИЦИИ БИ ДОНЕЛЕ 300 МИЛИОНИ ЕВРА,…
Mеѓународниот монетарен фонд посочува власта да го…