Осум години од потпишувањето на Преспанскиот договор

t

На 17 јуни – пред точно осум години, во селото Нивици, на брегот на Преспанско Езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете држави.

Договорот што стави крај на речиси тридеценискиот спор за името на соседна Грција со земјава ни го отвори патот за членство во НАТО, но не и во ЕУ, што ги разочара очекувањата за забрзано членство во Европската унија. Поучени од тоа искуство, вели премиерот Мицкоски, ги води процесите за да не се повтореле работите.

– Advertisements –

„Ние денеска ја водиме нашата надворешна политика којашто не е составена од гланцање чевли на евродипломати во Брисел и коленичење, туку надворешна политика којашто се темели на аргументи“, вели премиерот Мицкоски.

Од друга страна договорот се оценува како историски дипломатски успех и пример за решавање на сложени меѓудржавни спорови преку дијалог и компромис.

„Каде ќе бевме сега ако тој повеќедецениски спор со Грција беше решен на почетокот од деведесеттите години? Дали ќе бевме на рангот на една Словенија и прилично сум сигурен дека немаше да се соочуваме со проблемите со кои сега се соочуваме. Тоа е уште еден аргумент дека ни требаат храбри, државнички политики“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Согласно договорот, Република Македонија се преименува во Република Северна Македонија, државјанството е македонско/ државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната ескалира: САД започнаа нови напади врз…

Војската на Соединетите Американски Држави соопшти дека…

Германија ја обвини Русија за нападот со…

Германија официјално ја обвини Русија за организирање…

Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели…

Триесет и петгодишен маж од скопско е…

„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63…

Здружението 16 март 2025 реагира на денешното…

Два танкери со саудиска нафта биле нападнати…

Два супертанкери што превезувале саудиска нафта биле…