Објавено на:

Охриѓанец лишен од слобода: Во домот имал рачни бомби, пушки, револвер, куршуми и барут

t

На 17.06.2026 во 12:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(37) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут кои нелегално ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охриѓанец лишен од слобода: Во домот имал…

На 17.06.2026 во 12:00 часот, полициски службеници…

Вработен во ЕВН пронајден починат во кривопаланечко…

Вработен во ЕВН пронајден починат во кривопаланечко…

Полицијата трага по млад скопјанец кој потпали…

Полицијата трага по непознат напаѓач, кој денеска…

Возел со 244 километри на час! Полицијата…

Возач кој управувал со своето возило 244…