Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Ѓорѓиоски по кривична пријава од пред 6 години, за проневера од 2,4 милиони евра во ФФМ
Денеска е уапсен екс претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, а претреси се вршат на повеќе локации поради што не се исклучува можноста да бидат приведени уште неколку лица.
Како што пренесува ,,Фокус”, апсењето следува по поднесена кривична пријава која Управата за финансиска полиција ја поднесе уште во 2020 година.
Имено тогаш од УФП соопштија дека поднеле кривични пријави против 11 физички и 14 правни лица за проневера на 2,4 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), меѓу кои е и за поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Во прилог соопштението на Управата од пред 6 години.
,,Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против лицата И.Ѓ. во својство на претседател, О.М. во својство на раководител на Одделение за финансии и сметководство и Т.М. во својство на раководител на Одделот за судии и судење, сите од Фудбалската федерација на Македонија.
Пријава е поднесена и против Ѓ.Ч. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Масон инжинеринг“ ДООЕЛ Скопје; Н.Л. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Сеф компани“ ДОО Скопје; С.Т во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Усјепор“ ДООЕЛ Скопје; К.А, во својство на овластено лице во правниот субјект „Км Емона“ ДООЕЛ Скопје; Е.Н. во својство на градежен инжинер во правното лице „Балкан-консалтинг“ ДОО Скопје; И.Т. во својство на сопственик и управител на правните субјекти „Биро копирс Ирина“ ДООЕЛ Скопје и „Принт примус“ ДООЕЛ Скопје; И.Т. во својство на сопственик и управител на правниот субјект ТП „Оли-Вети копирс“ Скопје; И. П. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Идиомас“ ИП ДООЕЛ Скопје; Ј.Д. во својство на сопственик правниот субјект „Спортико трејд“ ДООЕЛ Скопје; И.Ш. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Борографика“ ДООЕЛ Скопје; С.С. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Елит травел“ ДООЕЛ Скопје, како и против горенаведените правни субјекти кои се стекнале со противправна имотна корист.
Физичките лица и фирмите се осомничени за злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата, проневера во службата, измама во службата, фалсификување или уништување деловни книги, соизвршителство.
„Пријавениот И.Ѓ, во својство на претседател на Фудбалска федерација на Македонија, постапил несовесно во вршењето на службата, со пропуштање на должен надзор и внимание во вршење на своите овластувања и должности, со што ѝ овозможил на пријавената О.М. неосновано и спротивно на законот на штета на ФФМ да изврши исплата на парични средства од банкарските сметки на ФФМ на банкарските сметки на пријавените правни лица, со кои дејствија пријавениот И.Ѓ. го сторил кривичното дело несовесно работење во службата“, соопштија од Финансиска полиција.Според информациите од Управата за финансиска полиција, со фиктивни фактури за наводно извршена продажба на стоки и услуги на ФФМ, правните субјекти се стекнале со противправна имотна корист.
„Пријавената О.М., во својство на раководител на Одделението за финансии и сметководство, во периодот од 1.1.2016 до 10.10.2019 ја злоупотребила службената кредитна картичка во сопственост на ФФМ, доверена на чување, на начин што пријавената О.М. при приватни патувања надвор од државата, за свои лични потреби, храна, облека и друго, потрошила и присвоила парични средства во вкупен износ од 3.017.928 денари, за кој износ го оштетила ФФМ“, се наведува во соопштението.
Пријавениот Т. М., во својство на раководител на Одделот за судии и судење при Фудбалска федерација на Македонија, потпомогнат од страна на С.С. и во соизвршителство со И.Ш., свесно и со однапред утврдена намера организирал да се изготват и достават фактури со невистинита содржина, за услуги и трговска стока која никогаш не била испорачана, за кои фиктивни фактури пријавената О.М. со пречекорување на овластувањата на својата службена положба извршила неоснована исплата од банкарските сметки на ФФМ на парични средства во вкупен износ од 12.581.289 денари, на штета на ФФМ, соопштија од Управата за финансиска полиција во 2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Ѓорѓиоски по…
Денеска е уапсен екс претседателот на ФФМ,…
ОЈО ГОКК: Обезбедени докази дека Богоев примил…
Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата…
Македонија поразена со 4:0, Турција доминираше од…
Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз…
Истрага за осомничен за продажба на кокаин…
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…
ФФМ ја поддржува иницијативата, јужната трибина да…
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар…