Тошковски: Се подготвуваат законски измени за тротинетите со заострување на казните и регулативата

t

Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Владата на презентацијата на националниот проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“.

Тој информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата врз основа на препораките од експертите и стручните служби на Министерството.

– Ќе одиме со заострување на казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, особено кај најмладите – истакна Тошковски.

Министерот посочи дека анализите покажуваат оти најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација, особено кај лица до 17-18 години.

– Нелегалното управување, возење по двајца или тројца, без кациги и без почитување на правила доведува до сериозни последици – нагласи Тошковски.

Тој додаде дека некои од измените ќе опфатат и зголемување на старосната граница за управување со електрични тротинети со цел да се заштитат најмладите и да се намалат ризиците во сообраќајот.

Во однос на проблемот со нелегалниот премин кај Бит-пазар, Тошковски посочи дека прашањето веќе е отворено на координациите меѓу Министерството за внатрешни работи и Град Скопје и најави конкретни активности во наредниот период.

– Постојат редовни координации и оваа тема е веќе разгледувана. Во иднина очекувајте конкретни дејства за подобрување на безбедноста – изјави министерот.

Тој нагласи дека, покрај институционалните мерки, клучна е и одговорноста на граѓаните во почитувањето на сообраќајните правила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Се подготвуваат законски измени за тротинетите…

Се подготвуваат законски измени за регулирање на…

Филипче: Имаме чиста преговарачка рамка, треба да…

Позицијата е јасна. Преговарачката рамка е преговарачка…

Стејт департмент: Подготвени сме да му помогнеме…

Стејт департментот соопшти дека Соединетите Американски Држави…

Акција на ОЈО ГОКК и УФП на…

Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за…

Зајкова: Секој граѓанин лани им подарил на…

„Три години по ред, ЛДП ја води…